< Назад

Азот

Производство: Вардар филм - Скопје

Род: Документарен филм

Времетраење: 28 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 0

Година: 1954

Содржина: Месноста Азот, што се протега по течението на реката Бабуна до нејзиниот средишен тек, е населена со Брсјаци, а во две нејзини населби живеат Мијаци. Од несловенско население во едно село живеат Албанци. Филмот, всушност, претставува реконструкција на дел од битовото живеење во оваа географска оаза, реконструкција на обичаите што се практикуваат при свадбите и при негувањето на култот кон мртвите. Исто така, реконструирана е и севкупната стопанска дејност: качарството, склопчарството, ковчегарството, а посебен акцент му е посветен на сточарството и на обичаите врзани за него: објагнување на првото јагне, стрижењето на овците и сл. Жените припаднички на брсјачко-мијачкиот род своето време наполно го посветуваат на домаќинството, а ретките слободни мигови ги минуваат во подготовка на волната за изработка на ткаенини. Особено е интересен приказот на една куќа за живеење, како и развитокот на станбената архитектура.

Автори:

Снимател: Недков Кочо
Сценарио: Кличкова Вера
Асистент снимател: Гаиќ Душан

Други соработници:

музиката ја изведува -- Македонската филхармонија
диригент -- Стефан Гајдов
консултанти -- Вера Кличкова; Милица Огњанова

Фотографии: