< Назад

Д-р Илија Чулев - страдалник за самобитноста на Македонија

Производство: ТВ Орбис - Битола

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: биографски

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 29 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2002

Содржина: Документарен филм посветен на животот и делото на Д-р Илија Лазаров Чулев (1908-1950), македонски патриот, прогонуван за идеите за независна и слободна Македонија. Роден е во Кавадарци, каде завршил гимназија. За време на студирањето на медицинскиот факултет во Загреб, се вклучил во редовите на ВМРО. Учествувал во активностите на партијата за создавање независна и обединета Македонија. Бил избран за народен пратеник и се борел за правата на земјоделците. Во 1945 година бил уапсен и осуден на 10 години затвор. По пет години од издржувањето на затворската казна, умира под чудни околности во затворот „Идризово“. Неговата сопруга Марија Чулева, зборува за тоа каков човек бил Илија и за маките кои ги имале како семејство. Борис Чаракчиев, другар од затворот, раскажува за затворските денови поминати во соба 8, заедно со д-р Илија Чулев.

Автори:


Други соработници :
сценарио -- др. Зоран Тодоровски
наратор -- Митко С.Апостоловски