< Назад

Запознај ја природата, откриј ја вистината

Производство: ТРД ДАЛГА - КРТ

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: детска едукативна серија

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 59 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2002

Содржина: Едукативна програма за деца во седум епизоди во кои Софија Гогова-Врчаковска и група деца разговараат за најразлични теми. Секоја епизода е посветена на различна работа. Децата се во посета на ветеринарна болница и со ветеринарките Јасмина и Верче зборуваат за здравјето на кучињата. За границите, разговараат со писателката Ката Мисиркова Руменова. Во разговорите за пролетта, гостин е писателот Михаил Ренџов. Разговорот за мачињата е со писателот Ненад Џамбазов, за птиците со писателот Стојан Тарапуза. Потоа на ред доаѓа клучот како тема за разговор со академскиот сликар Глигор Чемерски. Последната епизода е посветена на книгата.

Автори: