< Назад

Легенди за тетовското земјоделство

Производство: ТВ Кисс

Земја на потекло: Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 1999

Содржина: Документарен филм во две епизоди за тетовското јаболко и тетовскиот грав.
Првата епизода е за јаболкото, за тоа како е пренесено од Блискиот Исток во Европа. Познатиот просветител Кирил Пејчиновиќ ги подучувал луѓето како да ги одгледуваат и калемат јаболката. М-р Душко Богдановски зборува за тоа како тетовската област е погодна за одгледување јаболка, за сортата „тетовка“, која се помалку ја има и за тоа колку јаболкото е корисно за здравјето.
Втората епизода е за тетовскиот грав. Се претпоставува дека оваа земјоделска култура од Америка ја донеле тетовските печалбари пред 250-300 години. Агроном Воислав Дамјановиќ, зборува за особините на тетовскиот грав, за неговиот квалитет и вкус. Насер Зекири, директор на Агро-Џепчиште, зборува за извозот на тетовскиот грав. Во емисијата има и рецепт, за тоа како се подготвува тавче гравче.

Автори: