Производство: ТВ КИСС - Тетово
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: документарен
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 44 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Документарна програма за загадувањето на животната средина и за фабриките, како најголеми загадувачи на водите во Полог и полошко. Отпадоците од фабриките како главни загадувачи на водите и уништување на флората и фауната. За загадувањето на реката Вардар, која минува низ Полог, и за изумирањето на некои видови на риби, зборува проф.д-р Вангел Стевановски, од Биотехничкиот факултет во Битола. Проф. д-р Марко Михајловски, од Земјоделскиот факултет во Скопје, претседател на здружението за заштита на растенијата на Р. Македонија, зборува за заштита на растенијата од загадувањето на почвата и водата.
Автори:
Други соработници :
текст -- Јован Дамјановски
текстот го читаше -- Драган Грујиќ
музика -- Димитрие Бужаровски