Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 18 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 0
Година: 1955
Содржина: Филмот зборува за животот на последната македонска номадска етничка група Каракачани. Нивните предци, потомци на Трако-Илирите, предводени од ќајата Папуцороши, уште во 18 век се повлекувале од Грамос, минувајќи ги македонските планини. Се населиле на подножјето на планината Осогово, во селото Врбица, Кочанско. Тие денес можат се видат облечени во црно, во пазарните денови во градовите низ Источна Македонија. Познати се и како: Армани, Каравласи, Каракачани, Цинцари или Власи, како што се наречуваат самите. Напролет, пред да почнат да ги издигаат стадата во планините, ги стрижат овците и изработуваат ракотворби за домашни потреби. Додека се во планините, се занимаваат со преработка на млекото. Живеат наполно номадски живот, селејќи се во потрага по подобри пасишта. Зимскиот период го минуваат во потоплите предели, во долината на реката Вардар. Филмот ги опишува нивните обичаи и носии, а воедно целокупниот начин на живеење.
Автори:
Други соработници:
асистенти сниматели -- И.Серафимовски