Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 14 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1962
Содржина: “Документарен филм од големите поплави во Македонија, снимен од 16 до 18.11.1962 година“. Во филмот се прикажани катастрофалните поплави во ноември 1962 година што ја зафатија Македонија, кога се излеаја од коритата најголемите македонски реки: Вардар, Треска и Црна. За време и по поплавите, прикажани се напорите на народот во борбата со разулавената водена стихија, а за спасување на загрозените животи и материјални богатства.
Автори:
Други соработници:
користени се материјали од сниматели на МТВ и на Филмски новости - Београд
текст -- Владо Поповски