Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 13 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 0
Година: 1959
Содржина: И во втората деценија по завршувањето, II светска војна се уште однесува жртви. Се губат животи и доаѓа до трајни оштетувања - инвалидитет на многу луѓе. Причини за тоа се многубројните експлозивни тела кои оставени и заборавени или намерно скриени, ја предизвикуваат љубопитноста на децата. Трагедијата во вакви случаи ретко се одбегнува. Страдаат и возрасните кои, најчесто, би сакале да го злоупотребат експлозивот, не претпоставувајќи го фаталниот исход. Припадници на цивилната заштита и на органите на безбедноста вршат демонтирање и уништување на најдените мини и бомби. Во нивната работа треба да учествуваат сите оние што ќе наидат на експлозивни тела, така што допирите со смртта да станат минато.
Автори:
Други соработници:
текст -- Србо Ивановски
асистент снимател -- Васе Василевски
стручен консултант -- Јово Тодоровски