Производство: ТВ Канал 5 - Скопје
Земја на потекло: Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2000
Содржина: Документарен филм кој ги прикажува манастирските комплекси: „Пресвета Богородица Елеуса“ во село Велјуса, „Св. Леонтиј“ во село Водоча, струмичко. Потоа „Св Петар и Павле“, манастирот Зрзе, кај Прилеп и Слепченскиот манастир. Зборуваат Митрополит господин Наум, Архимандрид Климент - игумен на манастирот Зрзе, сестра Макрина - игуменија во женскиот манастир во Велјуса и отец Пимен - игумен на манастирот во Водоча. Снимени се екстериерот и ентериерот на манастирите и кадри од монашките служби. Потоа, прикажани се монасите и монахињите како работат: шијат, везат, произведуваат млечни производи, свеќи, изработуваат книги и други дејности. Во филмот се испреплетени нивната монашка пракса, организацијата, секојдневните обврски, со опис на подлабоката смисла на монашкиот живот, како и значењето и разликата на монахот и мирјанинот.
Автори:
Други соработници :
новинар -- Горан Величковски
компјутерска обработка -- Александар Лазаревски