Производство: Евро Култ 2000
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: играна серија
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 150 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Играна серија во пет епизоди, по повод сто години од Илинденското востание и Крушевската Република. Посветена на македонската револуционерна народна песна, од времето на Илинденското востание. Се опеваат револуционерите кој го дале својот живот за ослободување на Македонија од повеќевековното ропство. Народот ги опеал во песни и ги овековечил во преданија: Гоце Делчев, Никола Карев, Питу Гули, Јане Сандански и Јордан Пиперката.
1. ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Првата епизода е за песните испеани за истакнатиот револуционер Гоце Делчев. Во песните се опеани животот и делото на македонскиот деец. Во песната „Црна се чума зададе“, опеана е смртта на Гоце Делчев.
2.НИКОЛА КАРЕВ е наслов на втората епизода. Посветена на претседателот на Крушевската Република, организатор и учесник на Илинденското востание, учител и член на Социјалистичката група што ја формирал Васил Главинов. Прикажани се фотографии и песни од овој македонски револуционер. Никола Карев бил предаден и загинал на 28 години од турскиот аскер кај с.Рајчица.
3.ПИТУ ГУЛИ За Питу Гули се опеани многу песни. Тој бил херој од Илинденското востание, водач на чета, кој храбро загинал за слободна Македонија.
4. ЈАНЕ САНДАНСКИ-наречен Пирински Цар е најопеаната личност од илинденскиот период, опеан во повеќе од четириесет народни песни. Нејпозната е „Кога падна Јане на Пирина“ во изведба на Васка Илиева.
5. Последната епизода со наслов ЈОРДАН ПИПЕРКАТА е за Јордан Силјанов Пиерката од с.Козица. Ајдутин кој се приклучил кон организацијата и станал свесен револуционер. Многу популарен меѓу народот, бидејќи бил негов заштитник. Најпознати песни посветени на Јордан Пиперката се: „Огин го гори Брезово“ и „Ај, Излези Ѓурќо“.
Автори:
Други соработници :
текстот го читаше -- Томе Витанов
Актери: Горан Трифуновски, Едмонд Сотир, Лилјана Илиевска, Маријан Коцев