Производство: ТВ КТВ 41 - Кавадарци
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: документарен
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 28;32;30 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2002
Содржина: Документарно образовна програма во три епизоди, посветена на младите и нивните проблеми во современото општество.
МЛАДИТЕ И БРАКОТ е првата епизода која ги опфаќа темите за: создавање на семејство, растењето на децата, малолетничките бракови и непосакуваната бременост кај адолесцентите. За овие теми, со кои секојдневно се среќаваат младите, зборуваат: проф. Глигор Сиваков-педагог, проф. Ленче Ристова-педагог и д-р Катерина Манева-специјалист гинеколог.
МЛАДИТЕ И НОЌНИОТ ЖИВОТ е наслов на втората епизода. Како младите го поминуваат слободното време и за пороците на соврмениот човек, зборуваат: Ратка Кулева-училишен педагог во ЗШУЦ „Ѓорче Петров“, Лазар Нанев-самостоен инспектор во ОВР-Кавадарци и претседател на советот за превентива против малолетничка деликвенција и ученичките Маријана Лимова и Виолета Јанева.
МЛАДИТЕ И ЕКОЛОГИЈАТА е третата епизода , се зборува за младите екологисти, кои се на излет на планината Кожув. Снимени се изјави на деца кои зборуваат, како тие ја разбираат екологијата.
Автори:
Текстот го читаше -- Данов Ангел