Производство: ТРД Оливер Пажески Маркони - Прилеп
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: документарен серијал
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 180 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 1999
Содржина: Свадбарските обичаи во Мариово прикажани во 4 епизоди.
Во првата епизода се зборува за местоположбата на Мариово, за неговиот растителен и животински свет, за хидрографијата, и како тие влијаеле на свадбените обичаи и причините за опаѓање на бројот на населението.
Втората епизода се однесува на возраста на младоженците, за изборот на брачниот другар и за предсвадбените обичаи.
Третата епизода е за обичаите на канење на сватовите, за свадбената погача, за китењето, дарувањето и свадбеното оро.
Во последната епизода етнологот Петре Чагороски зборува за машката и за женската народна носија, со посебен акцент на женската, која е карактеристична по тежината од 70 кг., како и за другите обичаи на Мариовската свадба.
Автори:
уредник и новинар -- Васе Крстески