< Назад

Триаголник

Производство: ТЕРА

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: документарен

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 100 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2003

Содржина: Телевизиска емисија во три епизоди, за три општини од евро регионот. За пријателството и соработката помеѓу: Битола, Кожани и Корча. ЕВРО РЕГИОН-ТРИАГОЛНИК НА ПРИЈАТЕЛСТВО И СОРАБОТКА е првата епизода во која се зборува за трите општини кои го сочинуваат евро регионот од Македонија, Грција и Албанија. За соработката меќу градовите Битола, Кожани и Корча зборуваат: Златко Вршковски-градоначалник на Битола, Ѓорѓи Дуро-градоначалник на Корча и Парис Кукупополус-градоначалник на Кожани. Сите со заедничка идеја, да се направи една евро периферија или евро регион. Свои видувања на оваа тема изнесуваат и Дејан Ристевски, поранешен градоначалник на Битола, Паскалис Митлијангас, префект на Кожани, Панајотис Симеонидис, раководител на стасистичката служба Кожани, Само Мечолари, директор на регионалниот завод за статистика Корча и Лилјана Кузмановска, раководител на заводот за статистика во Битола. ЕВРО РЕГИОН-БИТОЛА, КОЖАНИ, КОРЧА е наслов на втората епизода, за статистичките податоци во Битола, Кожани и Корча. Статистички податоци изнесуваат: Дионис Констандинос-професор јазиколог и Лилјана Кузмановска-раководител на заводот за статистика во Битола. ИНТЕРКУЛТУРЕН ЕВРО РЕГИОН е третата епизода од серијалот, посветена на културната соработка меѓу Битола, Кожани и Корча. За културно-уметничките настани и историското-духовно наследство зборуваат: Дионис Констандинос-професор јазиколог, Кирил Танчевски-етнолог, Отец Никола Грамбозов, Ирена Никеј-етнолог, Митрополит Јоан Пељуши, Сула Ваконаки-советник за култура на префектот на Кожани, Лоренцо Гложени-директор на Државниот Национален Музеј-Корча, Скендер Алиу-директор на Археолошкиот Музеј Корча, Патрика Риза-директор на Театар Корча, Скендер Руси-директор на библиотека Корча, Љупчо Ѓоргиевски-режисер и Митхат Џемаил-почесен конзул на Р.Турција во Македонија.

Автори:


Други соработници :
нарација -- Анета Шијакова