Производство: ТВ Боем - Кичево
Земја на потекло: Р.Македонија
Жанр: документарен, музички
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 29 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2003
Содржина: Документарна емисија за застапеноста на гајдата и кавалот во македонскиот фолклор. Прикажано е од кој материјал се изработуваат инструментите, составните делови и начинот на кој се свири. Гајдаџии и кавалџии зборуваат за љубовта кон овие инструменти од најрано детство. Како и за талентот и за интересот кон музиката кој го наследиле од своите претци. Филмот изобилува со музички изведби: свирење на кавал, гајда, виолина и пеење на изворни македонски песни. Учесници во емисијата се: Насте Смилески, Стојан Софрониоски, Маријан Каранфилоски, Анета Костадиноска, Драган Дејаноски и Маја Каревска.
Автори:
Наратор: Зорица Трајческа
Музички соработник: Горан Делески