< Назад

Мартин од скалите

Производство: Астер фест

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: играна серија

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 126 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2006

Содржина: Играна серија за деца во шест епизоди, за секојдневниот живот на неколку семејства од една скопска населба.
Наслов на првата епизода е ПЛАЧКО ИЛИ ЗАГОР. Мартин е главниот лик во серијата, негов јунак е Загор од стриповите, на кого се му раскажува. Главна тема на разговор во маалото е разводот на родителите на Еленка и Жарко.
ПАТЕКА НА СРЦЕТО е втората епизода. Во домот на Мартин доаѓа Крале, колега од работа на мајка му. Мартин и татко му се љубоморни и го озборуваат гостинот. Родителите на Мартин постојано се расправаат. Еленка и Жарко не сакаат нивните родители да се разделени и се обидуваат да ги смират. Соседот, дедо Гаврил повеќе не може сам да се грижи за секојдневните обврски и сака да оди во дом за стари лица.
ЖАБИКАРИУМ е насловот на третата епизода. Децата собираат потписи од соседите за дедо Гаврил да не оди во дом, туку сите заедно да се грижат за него. Децата собираат жаби и му ја полнат колата на Крале...
Во четвртата епизода ПЛАНОТ ИТНО-ИТРО, децата се полни со идеи, да ги зближат родителите и да го чуваат дедо Гаврил.
ВО ЕДЕН БАКНЕЖ, петицијата за чување на дедо Гаврил е одобрена, соседите ќе се грижат за него. Родителите на Мартин се смирија, тој бара од нив да има брат или сестра. Но, родителите на Еленка и Жарко се повеќе се расправаат.
Последната шеста епизода е насловена ХЕПИЕНД. Среќен крај за сите. Родителите на Марко се смирија и чекаат бебе. Желбата на Марко за брат или сестра се исполни. И родителите на Еленка и Жарко ги подобрија односите. Среќен е и дедо Гаврил со своето кученце Леско и сте деца од соседството.

Автори: