< Назад

Рециклирање, процес кој ветува

Производство: ТВ МТМ - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 32 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2003

Содржина: Документарна програма за тоа колку е застапено рециклирањето на отпадот во Македонија, по примерот на западните земји. Рециклирањето претставува движење во круг. Се состои од собирање, селектирање и преработка на отпадот. Предности од рециклирање се: намалување на загадувањето, заштеда на природните ресурси, заштеда на енергија, заштеда на пари и др. Сокол Клинчаров, раководител во одделот за животна средина и просторно планирање, зборува за концептите и студиите за правилно управување на отпадот во Македонија, во градските и руралните средини. Раде Василевски, раководител на сервис за хартија, зборува како е организиран откупот на стара хартија. На оваа тема се надоврзуваат и Стојанче Ристовски,технолог во погон и Сребре Ставрески, раководител на технологија и оператива, во ресурсот металургија. Емилија Дубарџиева, председател на невладината организација „Еко Арт“ и Цветанка Василева, член на „Еко Арт“, зборуваат за вклучувањето на најмладите во процесот на рециклирање хартија.

Автори: