< Назад

Последните Мохиканци од македонската голгота

Производство: ТВ Боем - Кичево

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 30; 30; 29 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Документарна емисија во три продолженија, за борбите што се воделе за време на Втората светска војна во Копаничкиот крај.
Првата епизода е за битката во село Кленоец, што се наоѓа на југо-западниот дел од кичевијата. Прикажани се природните убавини и местата каде се водени борбите, со сведочења на учесниците во НОВ. Проф. д-р Ванче Стојчев-воен историчар и Душан Ристоски-историчар, зборуваат за Преспанскиот состанок, одржан 1943 год. во Отешево. Очевидци и учесници во битката, раскажуваат за борбите во с. Кленоец: Мирко Дејаноски-Мирче, Зарија Алексоски, Таќо Секулоски и Ристана Наумоска.
Во втората епизода со поднаслов „Белата голгота“ се зборува за Првата македонско-косовска ударна бригада, формирана 1943 година во с. Сливово, Дебарца, за Февруарскиот поход и за борбите во Егејскиот дел на Македонија, за време на Втората светска војна. За ужасите од војната зборуваат учесниците во НОВ: Душан Ристоски, Киро Трајкоски, Живко Михајловски и Видео Спасеноски.
Третата епизода со поднаслов „Брдото на црната смрт“ е за битката во село Кленоец. Учесници во НОВ зборуваат за тешката и крвава битка и жртвите кои загинале од страна на балистите.

Автори:


Наратор -- Бранислав Стојаноски