< Назад

Медена земја

Производство: Apolo Media - Скопје ; Trice Films - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: социјален

Род: Документарен филм

Времетраење: 85 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2019

Содржина: Документарен филм за животот на Хатиџе Муратова, пчеларка од село Бекирлија. Приказна за една средовечна жена, која животот го посветува на одгледување на диви пчели и чување на старата болна мајка. Хатиџе живее во вонстандардни услови и екстремна сиромаштија, но сепак е среќна со своите пчели и ситната заработка од медот што го продава. Оваа скромна жена пренесува силна порака за зачувување на природата. Таа зема половина од медот а другата половина ја остава на пчелите, воспоставувајќи рамнотежа за да може пчеларникот да опстои. Животот и се менува кога пристигнува Хусеин Сем со сопругата и седумте деца. Новите соседи, во борбата за опстанок и прехранувањето на многудетното семејство, го уништуваат пчеларникот на Атиџе.

Автори:


Фотографии: