Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1946
Содржина: ПРИЛОГ 1 - МАКЕДОНИЈА - ДРЖАВНА ПЕЧАТНИЦА /
Краток филмски запис од 8 кадри за државната печатница во Македонија „Просветно дело“, формирана на 16 април 1945 година. Во среден план, со швенк на десно и нормален ракурс, прикажан е излог на книжарница „Просветно дело“. Потоа, во ентериер на книжарницата се редат кадри од изданија на печатницата како и првите буквар, читанка и граматика на македонски јазик. Последниот кадар е резервиран за првиот буквар – темел за афирмација на македонскиот литературен јазик.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: