Производство: Филмске новости - Београд
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1946
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ТУРНЕА НА КУЛТУРНАТА ЕКИПА НА РАДИО СКОПЈЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА /
Панорама на град во Пиринска Македонија (веројатно станува збор за Горна Џумаја, денешен Благоевград). Културно уметничката група од радио Скопје, во состав на радио хорот, потоа радио група „Биљана“ и фолкорната група од село Лазарево, гостуваат во Пиринска Македонија и Бугарија. Во низ од неколку кадри прикажан е дел од културно уметничкиот настап на групите. Од горен ракурс на камерата, забележан е мал дел од настапот на фолклорната група, машко оро во придружба на тапан, на завршниот концерт во Софија.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: