< Назад

Кокино

Производство: ДФМ Филмс ; М Продукција

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: репортажа

Род: Документарен филм

Времетраење: 45 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2018

Содржина: Филм за археолошкиот локалитет Кокино, одалечен 35 км. од Куманово, сместен на Врвот на Татиќев камен во село Старо Нагоричане. Мегалитската опсерваторија е откриена во 2001 година од Јовица Станковски, археолог кој го истражувал и промовирал Кокино. Опсерваторијата потекнува од раното бронзено време а се протега на површина од 5000 километри квадратни.  Во минатото била и светилиште, затоа се нарекува и Света Планина. На ова место, луѓе од непозната цивилизација извршувале обреди и разговарале со своите божества. При откривање на локалитетот се пронајдени бројни артефакти. Мегалитската опсерваторија служела како древен календар, низ камените процепи се следеле патот на ѕвездите и планетит и се мерело времето. Од Кокино, прецизно можат да се одредат зимската краткоденица, летната долгоденица и пролетната и есенската рамноденица.

Автори:


Други соработници :
Графички дизајн -- Зоран Чаневски, Горан Чаневски
Наратор -- Владимир Митревски-Ѓуле
Соработници -- Јовица Станковски, проф.д-р Драги Митревски, проф. Олгица Kузмановска

Фотографии: