Производство: Македонска крепост
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 33 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2005
Содржина: Документарна емисија за архитект Георги Константиновски. Тој раскажува за своето рано детство во Битола и талентот за цртање од најрана возраст. Во 1949 година го примаат на Градежниот факултет во Скопје, архитектонски смер. Зборува за архитектурата во Скопје во времето додека студирал. Градот во тоа време бил од два архитектонски стила, барок и модерна архитектура. По земјотресот Скопје прераснува во модерен град, под влијание на домашни и странски архитекти. Во 1965 година Георги заминува на доусовршување во Њујорк и е воодушевен од тамошната архитектура. Вторпат оди во Америка 1980 година на магистерски студии. По враќањето во Македонија прави архитектонски решенија за: Архивот на Македонија, Студенскиот дом „Гоце Делчев“, Домот за печат во Приштина, Палата Унија во Скопје, Спомен музејот во Пелинце и многу други проекти во земјата и во странство. За своите проекти има добиено престижни награди. Автор е на неколку книги поврзани со архитектурата во Македонија: „Градителите во Македонија во XIX и XX век“, „Скопската генерација“, и работи на третата книга. Неостварена желба му е да проектира објект во вид на пирамида. Зборува и за своето семејство, сопругата и двата сина, кои исто така се архитекти.
Автори:
Користени материјали од личната архива на Георги Константиновски.