< Назад

Традиционални зимски обичаи во Македонија – Русалии

Производство: ТВ МТМ - Охрид

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 27 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2004

Содржина: Документарна програма за народните обичаи и обредните игри кои ги изведуваат русалиите. Тоа се мажи облечени во народни носии со сабји во рацете и играат ора со магиска содржина. Овие игри се изведуваат во Некрстените денови од Божиќ до Водици, бидејќи се верува дека во овие денови шетаат демоните. Русалиите со помош на сабјите ги растеруваат лошите демони. Овие народни обичаи денес се практикуваат во с. Секирник, Струмичко, во с. Куфалово, Кукушко и во некои бугарски села. За обичаите кои ги изведуваат русалиите зборуваат: еден стар русајлија и свештеникот од храмот „Пресвета Богородица“ во с. Секирник. Прикажана е и фолклорната група од с. Куфалово. Русалиите одат по домовите вршат магиски обреди а домаќините богато ги наградуваат.

Автори:


Други соработници :
Спикер -- Катерина Гетева
Лектор -- Љупчо Цветановски