< Назад

Театарот Скупи

Производство: Фокус Покус Филмс - Скопје

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Род: Документарен филм

Времетраење: 51 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2019

Содржина: Театарот Скупи претставува едно од најзначајните понови археолошки откритија во Република Северна Македонија. Според многуте професори, археолози и кустоси кои се интервјуирани во овој документарен филм, театарот датира од времето на римскиот император Хадријан. Преку филмот ни е дадена можност да го проследиме процесот на неговата реконструкција и да имаме увид во работата на терен. Потоа, прикажани се детали од анализи во лаборатории и запознавање со археолошки артефакти, за кои говорат врвните познавачи на оваа област.

Напишано од Арсим Љесковица

Автори:


Наратор -- Благој Веселинов

Во филмот говорат: проф. д-р Антонио Јакимовски; Виктор Лилчиќ, Кустос/советник Ленче Јованова; м-р Ванчо Милошовски; проф. д-р Трајче Нацев, м-р Јелена Јариќ, проф. д-р Марија Ончевска Тодоровска.
Во филмот се користени материјали од следните филмови: Кабириа, 1914. Џовани Пастроне. Филмски материјали од МРТВ, 2019 год.

Филмот е реализиран со средства од Филмскиот Фонд на Р. Македонија.

Фотографии: