< Назад

Шанса за себе - По патот на наследството

Производство: Гејзер - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: документарен серијал

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 30 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година:

Содржина: Оваа епизода од серијата „Шанса за себе“ нè води во скопската населба Маџари, кај Љупчо Кајевиќ, инженер, косопственик на работилницата за производство на метални машини и опрема. Над полувековното искуство сега се надоградува во „Кајевиќ“, компанијата која се наближува кон крајот на втората деценија на постоењето.
Вклучувањето на Љупчо Кајевиќ во работењето на фирмата на основачот, татко му Боро Кајевиќ, се чини е работа што доаѓа само по себе, кога се во прашање семејните бизниси.
Соговорникот Љупчо Кајевиќ, меѓу друго, ни раскажува и го споредува бизнис амбиентот денес и некогаш, зборува за значајните промени што ни се случија, но, како што вели тој, духот на претприемачот не е подеднаов кај сите.
Исто така, од оваа серија дознаваме дека најголемиот дел од бизнисмените кои успеале својата идеја да ја претворат во успешна реалност, тврдат дека мотивот, желбата, знаењето и, пред се, идејата, се клучни за остварувањето на шансата за себе, пред сите матерјални аспекти.

Автори:


Спикер -- Љиљана Крстева