Производство: Етнолошки музеј - Скопје
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: етнографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 21 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 16
Година: 1957
Содржина: Документарниот филм во детали го прикажува значењето на играта, ората и адетите во Гевгелискиот крај. Во тамошните села се силно зачувани ритуалите кои водат потекло од древниот пагански период со елементи од шаманизмот. Сите обичаи се поврзуваат со Русалиите, а самиот збор значи „Розалија“ од цвеќето роза, посветен на култот на мртвите. Документарниот филм би бил нејасен, во однос на местата и дешифрирање на обичаите без деталниот коментар на нараторот во оф-тон.
Напишано од Арсим Љесковица
Автори:
Текст : Вера Кличкова
Музика : изворна
Учествува русалиската играорна дружина од село Миравци, Гевгелиско
Танчар: Атанас Цуклев
Гајдаџија: Спасо Стојанов
Музиката ја снимила на магнетофон и ја средила за филмот Вера Кличкова, снимено 1957 г.