Производство: ТВ ЗДРАВКИН - Велес
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 28 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2005
Содржина: Фокус на оваа документарна емисија е големата љубов на Наумче и убавата Евра, која е претворена во народна песна. И денес постарите жители се горди на песната, горди на љубовта испеана во неа, која трагично завршува со смрта на двајца љубовници. Животната приказна на Наумче започнува во велешкото село Мартолци, во куќата на татко му. Домашниот заговор траеше и по смрта на Наумче, беше забрането да му се спомне името. Но, народниот пеач не го заборави. Ја овековечи љубовта, но и болката, во песната што и денес го крши молкот во велешките сокаци. Трагичната љубов останува врежена во калдрмата, трпеливо чекајќи нови времиња, нови генерации што умеат да слушнат приказна за љубовта.
Автори:
Наратор -- Винко Симитчиев