Производство: Citystar Production
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 23 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2017
Содржина: Денот на Ашура има голема значајност за бекташиските дервиши. Ашуре е празник кој се слави десеттиот ден од месецот Мухарем (првиот месец од годината според лунарниот календар), како симбол на оплакување по повод погубувањето на имамот Хусеин - синот на имамот Али и внукот на пророкот Мухамед, во битката на Кербала.
Во самата просторија на теќето уште во почетокот на ритуалот се палат свеќи како симбол на дванаесетте имами.
Овој празник се одбележува со 12 дневен пост како израз на жалење за смртта на имамот Хусеин.
Постот завршува три дена пред празникот Ашуре кога се коли курбан и се мрси. За време на обредите се изведуваат нефеси чии содржини се поврзани со трагичниот настан на Кербала.
По тој повод, во сите дервишки теќиња се служи еден вид на сладок пудинг кој се прави од мешавина составена од разни видови житарки, свежо овошје, сушено овошје и јаткасти плодови.
Состојките на ова јадење ја симболизираат разноликоста во светот, а верувањето во постоењето на Господ, ги повикува луѓето да воспостават хармонија и мир.
Во документарниот филм „Песната на бекташот“ нема дијалози, ниту коментар на наратор во оф-тон. Овој начин на прикажување би го сместиле во под-жанрот на набљудувачки модел, според Бил Николс (2001), кој идентификува вкупно шест модели „кои функционираат како под-жанрови на самиот документарец: поетски, објаснувачки, учеснички, набљудувачки, рефлексивен и перформативен“.
Набљудувачкиот модел зазема непристрасен став и според тоа има „неутрален“ (или субјективен) став во однос на содржината. Како најдобар пример би ги зеле филмовите на Фредерик Вајсман (Frederick Wiseman), каде тој неговиот материјал го изнесува со непристрасен, набљудувачки стил без коментар, како на пример во неговите филмови, за образованието „Средните училишта“ (High School, 1968) и „Основен тренинг“ (Basic Training, 1971).
Напишано од Арсим Љесковица
Автори:
Други соработници :
Според идеја на -- Љубе Цветановски
Извршен продуцент -- Мирко Поповски
Камера „Б“ оператор -- Дарио Секуловски