< Назад

Филмски новости бр.164/49

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Род: Журнал

Времетраење: 1,22 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1949

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ЗА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА /
Филмски запис за електрификација на населени места во Македонија. Во почетните кадри, снимени се завршни активности од изградба на нова електрана. Потоа, во ентериер на објектот, опфатен е дел од монтажни работи околу поставување на турбините. Во следните кадри прикажани се работници на далноводни столбови, кои поставуваат кабли за пренос на електричната енергија од електраната до трансформаторските станици. Полутотал на гасеничар трактор кој поставува кабел на земја.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:


Фотографии: