Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Род: Журнал
Времетраење: 1,12 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1949
Содржина: ПРИЛОГ 1 - ОДЛИКУВАНИ ТРУДБЕНИЦИ ВО НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА /
Во филмскиот запис, најнапред се прикажани неколку одликувани работници на своите работни места. Кадри од ткајачки во погон на текстилна фабрика, работник покрај модел на машина и вработени на работни задачи во ложилница Ѓ. Петров во Скопје. На свечената седница, за предавање на одликувања на заслужните работници за достигнувања во производство и иновации, зборува потпретседателот на Президиумот на Сојузното собрание, Димитар Влахов. Ордените на трудот, Влахов ги предава на најдобрите работници. Камерата, го регистрира орденот во рацете на одликуван трудбеник.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: