Производство: Дигитал Филм Студио. KU Продукција
Земја на потекло: Р. Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 35 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2006
Содржина: Во овој поетски документарен филм преовладуваат кадри во крупен план на бебиња, деца и кучиња. Режисерот ги нагласува и кадрите со возови, поточно камера поставена во воз која врши снимање на разни предели, од време на време се создава чувство дека целото дејствие е филаш (бришечка панорама, т.е. брзо движење на камерата што при проекцијата одвај се распознава што е снимено; најчесто се гледа нижење на валери на сиво или тонови на бои на снимената површина). Сето ова не е случајно. Режисерот Киро Урдин се користи со ваквиот начин на снимање со цел за „реторички нагласено пренесување на вниманието на гледачите од едно место и/или збиднување на друго“. Со тоа се постигнува можност за асоцијативно поврзување и споредување. Паралелно со прикажаното следи и коментар на наратор во оф-тон. Во коментарот се нагласуваат темите за уметноста, за минливоста на животот во кој сите сме патници, се раѓаме, созреваме, живееме, и на крај неминовно патуваме во еден правец.
Напишано од Арсим Љесковица
Автори: