Производство: Осмоза, Лавиринт
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: поема
Род: Документарен филм
Времетраење: 59 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2008
Содржина: „Меѓу првиот и последниот чекор“
Документарниот филм ВОДА, ЗЕМЈА, ОГАН на сестраниот уметник Киро Урдин, би го сместиле во поджанрот објаснувачки документарец со поетски елементи (според најкорисно претставување на документарниот модел кој го направил Бил Николс (Bill Nichols) (2001). Оваа документарна поетика потсетува на еколошката визуелна поема “Барака“ (Baraka, 1992) на Рон Фрик (Ron Fricke). Исто така, во овој документарец се употребува и „асоцијативна монтажа“ за да долови расположение или тон наместо да даде јасен став за одредена појава. Поетските документаристи, како Киро Урдин, на публиката ѝ даруваат емотивна перспектива на темата, преку употреба на ритмички визуелни елементи кои обезбедуваат субјективна и апстрактна интерпретација на реалноста.
Напишано од Арсим Љесковица
Автори:
Други соработници :
Камера: Пабло Феро
Уредници: Петар Џуровски, Благоја Неделковски, Доријан Милованович, Ванчо Мираковски, Владимир Петровски-Картер
Дизајнери на звук (sound designer) Спасовски Дарко-Пацки, Владимир Ракич
Наратори: Pegy Reid (Пеги Рид), Graham W. Reid (Грахам В. Рид)
Текст: Снежана Лазевска
Превод и адаптација: Александар Зафировски