Производство: ТФРЗ „Пегаз“ - Скопје : „Вардар филм“ - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: Мокументарен
Род: Краток игран филм
Времетраење: 21 минути
Тип: Филмска лента
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 16
Година: 1992
Содржина: Во драмата „Исчезнувањето на Сузана Арсова“, режисерот Дамовски, мошне внимателно раскажува, една чуствителна приказна за мистериозното исчезнување на 22 годишна девојка од Скопје. Филмското дејство во достатна мера ја апострофира заканата од опасноста, исчезнување без траги во непознат правец на млада девојка, од населбата Синѓелиќ, вработена како шалтерски работник во Железничко транспортно претпријатие. Додека спикерот го чита личниот описот и други карактеристики на исчезнатата, времето и местото на исчезнување, тонот е покриен со статичен кадар од патната исправа на Сузана Арсова. Исчезнувањето во полициска станица го пријавило нејзиното момче. За текот на настаните пред и по исчезнувањето, се нижат кадри со изјави на нејзиното момче кое е првоосомничен за настанот, нејзината колешка, сосетката, сопственичката на станот во кој Сузана живеела под кирија, полицискиот инспектор, соседот од долниот кат, боксерот од клубот и други. За исчезнувањето е осомничено и нејзиното предходно момче Стеван П. - Стив со кое таа се забавувала, а кое живее надвор од земјата. За врската на Сузана и Стеван, нивната разделба и неговиот живот во Франција, раскажува неговата мајка. Исчезнувањето на Сузана Арсова, односно случајот останува отворен во полициското досие. Кон крајот на филмот преку фотографии и приказна на старица во оф тон се открива детството на Сузана Арсова.
Филмот, жанровски е определен како „мокументарец“, односно „лажен документарец“. Иако е игран филм, изгледа како документарец, при што темата и приказната се всушност измислени.
Напипишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори:
Други соработници :
Сценограф: Илија Пенушлиски
Ас. сценограф: Мирче Цветковски
Шминкер: Светлана Гутиќ
Ас. на камера: Сретен Паковски
Организација: Емил Костовски, Горан Ацевски
Артисти: Тодорка Кондова Зафировска, Кристина Хаџикимова, Ангелина Иванова, Весна Зафировска, Зоран Ралев, Верица Петкова