< Назад

Манастирите во кумановско

Производство: ТВ ДАЛГА КРТ - Куманово

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: Етнолошки

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 60 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2005

Содржина: Документарна програма во 4 епизоди за манастирските комплекси во близина на Куманово: „Градиште“, „Јоаким Осоговски“, „Карпино“ и „Забел“.
Манастирот „Градиште“, со црквата „Св.Ѓорѓија“, се наоѓа во село Градиште. За историјата на овој манастирски комплекс зборува свештеник Јовче Цветановски. Црквата „Св.Ѓорѓи“ е во византиски стил, почнала да се гради во 1861 година, под ктиторство на локален жител по име Ѓорѓи. Оваа црква се издвојува по својата архитектура. Единствена во кумановскиот регион, претставува триконхос со една купола. Иконите на иконостасот се дело на познатиот мајстор Димитар Андонов – Папрадишки. Жителите на с. Градиште се сеќаваат како било во минатото за време на верските празници.
Осоговскиот манастир е посветен на испосникот Св.Јоаким Осоговски, кој помеѓу 11 и 12 век живеел на овие простори. Манастирската петкуполна црква датира од 12 век, под името Сарандапор. Изградена е од Андреја Дамјанов. За историјата и архитектурата на црквата, зборува прота ставрофор Добрислав Бошковски.
За манастирскиот комплекс „Карпино“, со црквата „Воведение Богородично“ и ликовната колонија што се одржува неколку години во склоп на манастирот, зборуваат д-р Витомир Митевски, универзитетски професор, член на мултимедијалниот центар Карпино, Зоран Павловски, председател на мултимедијалниот центар за одржување и реконструкција на манастирот Карпино и Драгиша Димитријевски – Шиле, ликовен уметник и артист.
Манастирот „Забел“, со црквата посветена на Пресвета Богородица, е сместен помеѓу селата Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек. Црквата е изградена во 1856, на темелите од стара црква од 1330 година. Иконостасот е во духот на мијачката резба. Зографисана е од познатиот мајстор Дичо. За манастирскиот комплекс зборуваат Драган Аврамовски-свештеник и дедо Боге, жител на с. Старо Нагоричани.

Автори:


Спикер: Љупчо Благоевски
Музичка илустрација: Ико Матијашевиќ