< Назад

Д.р Тунуз Балханза - Првиот дебарски хирург

Производство: Деа Визион - Тетово

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: биографски

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 46 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2006

Содржина: Емисијата започнува со говорот на наратор во оф-тон, за животописот на Др. Тунуз Балханза. Тој е првиот дебарски хирург. Роден е во 1898 година во селото Балханза, кое се наоѓа во околината на Дебар. Неговите родители се таткото Мет Аг Балханза и мајката Сафије Кодра.
По завршување на основното училиште во родното место, средното образование го завршил во Истанбул, а студиите по медицина во Солун, додека специјализацијата по општа хирургија во Сорбона, Франција, во 1924 година.
Две години работел во Виена, а подоцна во Тирана работел под името „доктор Селим“.
Во родното место го нарекуваат доктор Тунуз.
Потоа на екранот се прикажуваат исечоци од дневниот печат на албански јазик, кои говорат за личноста на Балханза, професијата и неговата родољубивост. По овие кадри следат интервјуа со внуците на Т. Балханза, Сазан Папранику и Африм Папранику. Потоа со други членови од поблиското и поширокото семејство и познаниците на Др. Тунуз Балханза, но и со новинари кои истражувале за личноста и делото на Балханза. Др. Тунуз Балханза, според интервјуираните починува на 35 годишна возраст, под сомнителни околности и сомнежи за негово труење, од тогашната власт на Кралството Југославија.

Автори:

Продуцент: Азири Љумтурие
Снимател: Идризи Мухарем
Монтажа: Љута Фехми
Сценарио: Спахиу Нефаил

Наратор: Арбен Азири