Производство: Илина Арсова и „Арт и Авантура“ - Независна продукција
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: биографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 6 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2018
Содржина: „Ова е нејзината приказна“ е мини серијал од четири краткометражни документарни филмови за четири хероини од Балканот во областа на алпинистичко искачување, реализиран по идеја на Илина Арсова.
Илина Арсова е вљубеник во пливањето, алпинизмот и ликовен уметник. Инспиративна, креативна приказна во која Илина раскажува за љубовта, страста, посветеноста и среќата. Љубовта за спортот и природата од најрана воздраст ја наследила од своите родители. Како мала тренирала пливање. За алпинизмот вели дека го тренира телото и умот. Иако е напорен и тежок, во исто време е и прекрасен. Таа е првата македонка која го освоила Монт Еверест. Длабоката поврзаност со природат ја инспирирало да почне да се занимава со ликовна уметност. Зборува за перформансот „ZERO“, во кој нејзиното голо тело е претсавено во природата. Филмот е снимен на локации на Охридското Езеро и кањонот Матка.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Благодарност до Ванеса Бухер и Ихар Хут, и на Агенцијата за млади и спорт и на Планинарскиот клуб „Трансверзалец“.