< Назад

Утопија 68 - Година со килибарна надеж

Производство: Македонска Радио Телевизија

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историски

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 58 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2018

Содржина: Документарен филм за бурните настани кои ги зафатија Европа и светот во 1968 година. Под мотото „Бидете реални, барајте го невозможното“ се организираа протести и масовни движења во целиот свет од млади луѓе, претежно студенти. Тие ги бараа своите права и се бунтуваа против општеството. Иако нивниот сон заврши како утопија, оставија белег во историјата. Протестите не ја одминаа ни Македонија. Учесници во протестите, денес истакнати професори, новинари и политичари, тогашни студенти, зборуваат за настаните од 1968 година. На овие настани се сеќаваат: Владимир Лапе, Тито Беличанец, Владимир Милчин, Стојан Андов, Сашо Орданоски, Денко и Мирјана Малески и др. Филмот изобилува со архивски материјали, снимки од: прашката пролет, студенските протести во Париз, Белград и Скопје, нуклеарната криза во САД. Музички спотови од: Џенис Џоплин, Битлси, Џон Ленон, Арета Френклин, Џими Хенрикс и др. Исечоци од филмовите; „Коса“, „Рани радови“ и „Како сам систематски уништен од идиота“. Обраќањето на Ј.Б.Тито на студентите, кубанскиот револуционер Че гевара, атентатите на Џон и Роберт Кенеди. И многу други настани што ја одбележија 1968 година.
Филмот е посветен на Јан Палах, чешки студент кој се самозапали во знак на политички протест против инвазијата врз Чехословачка од страна на СССР.

Автори:


Други соработници:
Одговорен уредник на играно-документарна програма: Соња Јаќоска Самарџиев
Уредник: Сања Орушева
Архива: Македонска Телевизија
Дизајн: Аристид Филактов
Консултант: Владимир Лапе
Новинар: Никола Т. Калајџиски
Учествуваа: Стојан Андов, Тито Беличанец, Ѓунер Исмаил, Владимир Лапе, Соња Лихт, Мирјана Малеска, Денко Малески, Владимир Милчин, Сашо Орданоски, Латинка Перовиќ, Љубиша Ристиќ и Слободан Унковски
Извадоци од филмовите: „Рани радови“ (1969), режија: Желимир Жилник, „Како сам систематски уништен од идијота„ (1983), режија: Слободан Шијан и „Коса“ (1979), режија: Милош Форман

Фотографии: