Производство: КАТ Продукција
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: историски
Род: Документарен филм
Времетраење: 75 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2022
Содржина: Документарен филм снимен по повод 1000 години од постоењето на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“.
Манастирот е сместен во живописна природа, по течението на реката Радика, во Западна Македонија. Основан 1020 г. од монахот Јован Дебранин, првиот ктитор на светата бигорска обител, кој го започнал својот духовен подвиг во Река. Денешниот манастир е изграден од игумен Митрофан, 1800 година. Неговото дело го продолжил игумен Арсениј, кога манастирот го добива скоро целосно денешниот изглед. Во ова време Манастирот доживува духовен и градителски процут. Од 1829-1835 граден е познатиот иконостас од рацете на познатите копаничари од мијачкиот крај: Петре Филипов Гарката, брат му Марко, Макариј Фрчковски и Аврам Дичов со синовите. Во 1883 г., Хаџи Наќе ги донел во манастирот моштите на Св. Јован Крстител. Во манастирот било отворено келијно училиште во кое учеле: Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Војдан Чернодрински и др. дејци кои ги поставиле темелите на современата македонска писменост, култура и државност. Манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител, која се верува дека има чудотворна моќ.
По втората светска војна, за време на социјализмот, доѓаат мачни години за манастирот. Во овој период доѓа до згаснување на монашкиот живот.
Денес во Бигорскиот манастир постои монашки ред предводен од игумен Иларион. Монашкиот живот е обновен 1995 година. Брои околу 25 монаси, кои живеат според општожителните правила на Света Гора Атонска.
За монаштвото како борба за придобивање на божјата наклоност, целосно предани на подвиг и покајание, зборуваат монахињите Ефтимија и Варнава.
Во филмот се прикажани празнувањата на големите христијански празници: Божиќ, Велигден и Водици, како и сведоштва на луѓе кои го пронашле својот духовен мир во закрилата на манастирот. Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници :
Камера оператори: Никола Грнчаров, Кристијан Тодоровски, Александар Ивановски, Стојан Стојановски и Александар Пауновски
Сниматели на нарација: Сашко Мицевски, Дарко Димитриевски и Марко Ѓурѓиќ
3Д Анимација: Ѓорѓи Димовски
Постпродукција: Бранко Блажевски
Во филмот се користени видео материјали од приватна архива на манстирот „Св. Јован Бигорски“ и од архивата на Македонската Радио Телевизија.