Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Жанр: репортажа
Род: Журнал
Времетраење: 1 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1950
Содржина: ПРИЛОГ 1 - НОВА ХИДРОЦЕНТРАЛА ВО МАКЕДОНИЈА /
Краток нецелосен запис за пуштање на првата хидроцентрала во Македонија во 1950 година. Станива збор за малата хидроцентрала „Зрновци“, во подножјето на планината Плачковица, кај Кочани. Од горен ракурс во тотал, снимена е браната на Зрновска река, кај селото Зрновци. Екстериер и ентериер на машинската зграда и изведување на работни активности на трудбениците околу склопување на машините. Работник ја контролира работата на инструмент таблата на електраната. Капацитетот на новата хидроцентрала е околу 7 милион киловат часови годишно електрична енергија, а ќе овозможи развој на многу индустриски гранки во овој крај на Македонија.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: