Производство: Trice Films
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 66 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2017
Содржина: Документарен филм за Дионис Пашлаков од Неготино, професор по биологија и пасиониран собирач на стари автомобили. Тој е семеен човек, работи во гимназија и е пред пензија. Секој слободен момент го користи за купување и поправање на автомобили. Шета по дворовите и отпадите за да најде некој стар автомобил. Неговата сопруга прави торти за да го надополни семејниот буџет. Таа е негова единствена подршка, и иако негодува, сепак му помага финаниски. Најголема желба на Дионис е да отвори музеј на олдтајмери во Неготино. Последните сцени на филмот се од пензионирањето на Дионис. Тој со емотивен говор се разделува од своите матуранти на кои им бил класен раководител.
Напишано од Лидија Кировска
Автори: