Производство: Мунлајт Продукција - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: историски
Род: Документарен филм
Времетраење: 20 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2018
Содржина: Документарен филм за споменичната целина, тврдината Цареви Кули, сместена над градот Струмица, на 445 метри надморска височина. Тврдината датира од 5 век пред н.е и претставувала значајно геостратешко место низ историјата. Местоположбата на тврдината овозможувала да се контролираат трите влеза во градот. За историјата и значењето на Царевите Кули зборуваат: м-р Зоран Рујак-археолог и Славица Тасева-архитект. Во филмот има и игран дел (црно-бел), каде се прикажани војници со шлемови и штитови и девојки како шетаат околу Царевите Кули, како илустрација на минатото.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Нарација: Маја Андреевска