< Назад

Филмски новости бр.30/50

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Жанр: репортажа

Род: Журнал

Времетраење: 0,37 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1950

Содржина: ПРИЛОГ 1 - БЕРБА НА ТУТУН /
Нецелосен прилог од активностите и богатиот принос од реколтата во првата задруга на тутунопроизводителите во Прилеп, основана на почетокот на 1950 година. На тутунски насади, во тотал, жени берат тутун. Во следните десетина кадри прикажан процес на истурање на собраните листови тутун од кошеви, рачно нижење и поставување на низите на рамки за сушење. Во последниот кадар во среден план, подвижните рамки со низите, задругарите ги внесуваат во сушара.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:


Фотографии: