Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Анимиран филм
Времетраење: 8 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 0
Година: 1985
Содржина: Од искона кај човекот постои судир меѓу силите на доброто и злото. Повремено злите сили се надвиснуваат и врз поединецот, а и врз целото човештво, што предизвикува катаклизмични состојби кои, во крајна линија, значат самоуништување на човештвото, а тоа, секако, се војните водени со современо оружје, чии последици најдобро ги почувствуваа жителите на Хирошима и Нагасаки врз кои беа исфрлени двете атомски бомби. Овој филм ја одбележува, на метафоричен начин, заканата од војните, при што преку сликите на стравотиите од последиците на атомската бомба во Хирошима, се изразува апел до човештвото, тоа никогаш повеќе да не се повтори.
Автори: