< Назад

Брод со бисери

Производство: ДЕА Продукција; Арка Медиа

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: играно-документарен

Род: Документарен филм

Времетраење: 73 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2021

Содржина: Приказна на писателката Регина Икономовска, за тоа како ја создава својата книга „Брод со бисери“. Таа пишува книга за љубовта. Патува и истражува за љубовта на историски личности во Турција и Македонија. Приказната за филмот ја движи главната личност, Регина, инспирирана од „специјален подарок“, стаклен сувенир од „Момина кула“ на Босфорот, која заминува за Истанбул за да истражува и пишува за скриената историја.
Регина од Скопје оди во Истабул и шетајќи се низ градот, нè води низ љубовната врска меѓу принцезата Михрима (ќерка на Сулејман Величествениот) и познатиот архитект Синан Ага. Таа ги посетува познатите градби што ги изградил архитектот, инспирирани од принцезата. Во Скопје со пријателката Василка, ги посетува Старата чаршија и музеите. Повторно тема е љубовта. Со Николина се упатува кон Тетово. Истржувајќи за љубовта на убавата Фатима, ги посетуваат: Шарената џамија, Мостот на љубовта и Теќето. Во Битола, приказната е за забранетата љубов на Елени Каринте и Мустафа Ататурк. Во Охрид, Регина не запознава со митот за спартанската кралица Леда, за Лихнида и Биљана. Овие приказни собрани од место до место, Регина ги преточува во книгата „Брод со бисери“.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Останати соработници :
Асистент на монтажа: Игор Наумов
Извршен продуцент: Фатос Лумани
Музика: Адис Исмаили
Наратори: Регина Икономовска и Александар Зиков
Учествуваат: Регина Икономовска, Предраг Икономовски, Василка Димитровска, Николина Василевска

Фотографии: