Производство: БТР - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: биографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 52 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2018
Содржина: Документарен филм за светски познати личности кои потекнуваат од најстарата ромска населба на Балканот – Топаана (Топанско Поле). Жителите на Топаана раскажуваат како се живеело во оваа населба некогаш и денес. Од оваа скопска населба произлегле голем број познати имиња.
Еден од нив е Зоран Димов, сопственик на БТР, телевизија која успешно опстојува со години и нуди богата програма. Тој во филмот ги прави интервјуата со познатите личности од Топаана. За успешноста на Зоран Димов и работата на телевизијата зборуваат: Феруз Мустафов, Бајрам Берат, Данчо Чевревски, Сафет Камбер, Самка Ибраимовска и Рахим Бурхан.
Васка Јанковска, вокал во оркестарот на Горан Бреговиќ, светската слава ја постигнала со својот вокал во филмот на Емир Кустурица „Дом за бесење“. За оваа естрадна уметница зборуваат: Емир Костурица, Рамадан Бислим, Људмила Трајкова и Горан Бреговиќ.
За кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, родена скопјанка, која дел од својот живот го поминала во Топаана, зборуваат: Сузана Спасовска, Виолета Томовска и Блага Петреска.
Уште еден познат лик од Топаана е пеачот Муарем Сербезовски.
Бајрам Северџан е актер кој се прослави со филмовите: „Џипси меџик“ и „До балчак“ на Столе Попов и со „Црна мачка, бел мачор“ и „На млечен пат“ од Емир Кустурица.
Од Топаана е и првиот ромски пратеник во Македонскиот парламент Фаик Абди.
Филмот завршува со пофални зборови упатени до Зоран Димов од: Вели Хусеин, Розита Гранфорс, Кхурам Кхан, Ајтен Берафала и Тодор Муго.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници :
Извршен продуцент: Вангел Мичевски
Асистент на камера 2: Исен Бајрам
Асистент на камера 3: Самир Незир