Производство: Еуро Вижн
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 48 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2023
Содржина: Документарна серија составена од 6 епизоди. Во оваа се зборува за Финска, земја на прво место на сите светски рангирања, кога се мери квалитетот на општествените феномени. Сеедно дали станува збор за: среќа, образование, родова еднаквост, креативност, благосостојба на децата, екологија и сл.
Приказната за успехот на финското образование, започнува во неколку основни и средни училишта. Новинарот Борјан Јовановски разговори со ученици, наставници и директори на неколку училишта во Хелсинки. Учениците сметаат дека клучно за успехот е слободата и одговорноста што ја имаат и учениците и наставниците. Најдобрите ученици се запишуваат на педагошки факултет а еден од десет апликанти влегува во наставната професија. Професорите сами ја креираат наставната програма и ги бираат учебниците од кои ќе предаваат. Учениците сами ги бираат предметите, велат дека нема досаден предмет. Добар наставник може да го направи интересен секој предмет. Нема елитни училишта за богатите, нема персирање на професорите и другиот персонал во училиштето. Учениците и наставниците со задоволство одат во училиште, едните да научат а другите да го пренесат своето знаење.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници:
Асистент на продукција -- Барбара Петруловска
Координатор на продукција -- Ана Пејова
Координатор на пост-продукција -- Искра Ежова
Финансиски координатор --Јулијана Даскалов
Преведувачи -- Владимир Ѓузелов и Силвана Јовановска
Користени архивски снимки од Македонска Радио Телевизија
Соговорници: Клајдман Исмо Олав, директор на основно училиште; Лаинонен Сала, директор на основно училиште; Јана Палојерви, државен секретар во минстерството за образование; Анти Лукорила, проф. во средно училиште; Виолета Симјановска, проф на универзитет за уметност и др.
Поддржано од Агенција за филм на Р.С.Македонија