Производство: Еуро Вижн
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 59 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2023
Содржина: Направена е паралела за животот во Палермо на Сицилија во осумдесетите и деведесетите години на минатиот век и денес.
Жителите на Палермо во осумдесетите и крајот на деведесетите се изложени на терор од мафијата. Во градот секојдневно се случувале по неколку убиства.
Денес Палермо е туристички град, посетуван од голем број туристи, кои уживаат во убавата клима и културните знаменитости. Сепак градот и понатаму е најпознат по мафијата „Коза Ностра“.
Новинарот Борјан Јовановски разговара за граѓанското движење против мафијата, со Едуардо Зафуто, пред најголемата оперска куќа во Италија „Театро Масимо“. На скалите од оперската куќа е снимена познатата сцена од третото продолжение на филмот „Кум“ на Френсис Ф.Копола.
Градоначалникот на Палермо, Лелука Орландо, за себе вели дека е најбогатиот градоначалник, бидејќи го конфискувале целиот имот од мафијата и го употребиле за згрижување на бездомни луѓе.
Во близина на Палермо е селото Корлеоне, каде се наоѓа „анти мафија“ музејот. Тука е сместена целата документација за апсењето и судењето на членовите на мафијата. Валерија Презија, куратор во музејот, зборува за најпознатата сицилијанска мафија „Коза Ностра“. Сицилијанците се горди на нивниот отпор против мафијата, особено членовите на здружението „Збогум Рекет“.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Преведувачи: Владимир Ѓузелов и Силвана Јовановска
Користени архивски снимки од МРТ
Подржано од Агенција за филм на Р.С.Македонија
Серијалот е посветен на Горјан Тозија