Производство: Еуро Вижн
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 51 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2023
Содржина: Патеписна репортажа за Кристијанија, автономна зона во Копенхаген, Данска. На местото на некогашната воена база, во почетокот на седумдесетите години, создадена е населба во која владеат сопствени правила на живеење и однесување. Во Кристијанија е забрането: насилството, користење на тешки дроги, носење оружје, крадење, користење пиротехника и возење автомобили. Улиците се со несекојдневни имиња, како: „Сина карамела“, „Зелена улица“, „Улица на дилерите“, „Долга улица“ и сл. Жителите користат точак со корпа, како превозно средство. Новинарот Борјан Јовановски нè води низ Кристијанија, преку разговори со нејзините жители. Домаќин на ова патување е Џокер, како и Хулде Мејда, од упрвата на Кристијанија, Оле Висинг, Магензи Рисенга и др. Кристијанија е главна туристичка атракција во Копенхаген. Таму по улиците се продаваат хашиш и канабис, секоја индивидуа е одговорна за благосостојбата на заедницата. Се живее како во седумдесетите години за време на хипи движењето.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници:
Асистент на продукција: Барбара Петруловска
Кординатор на продукција: Ана Пејова
Кординатор на пост-продукција: Искра Ежова
Финансиски координатор: Јулијана Даскалов
Преведувач: Силвана Јовановска
Користени архивски снимки од Македонска Радио Телевизија
Подржано од Агенција за филм на Р.С.Македонија
Серијалот е посветен на Горјан Тозија