< Назад

Европски приказни - Шпански парадокс

Производство: Еуро Вижн

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: репортажа

Род: Документарен филм

Времетраење: 52 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2023

Содржина: Прикажан е Мадрид, еден од најубавите европски градови, како светска престолнина на католицизмот и на ЛГБТИ заедницата. Од една страна катедрали и свештеници, од друга геј паради и ноќни клубови. Борјан Јовановски со своите соговорници разговара за тоа како гледа општеството на ова. Хуан Карло Алонсо - координатор на парадата на гордоста, за оваа појава во Мадрид, вели: можете да видите две различни реалности, кои егзистираат во исто општество. Оскар Мануел е геј кој е верник и оди во црква на исповед. Мануел Роденас е директор на центарот за подршка на ЛГБТИ, зборува за тоа како денес за разлика од порано, католичките свештеници не зборуваат ништо против ЛГБТИ популацијата. Дури и кралот на Шпанија се почесто присуствува на настани организирани од ЛГБТИ заедницата, како знак на подршка. Во Шпанија дозволени се истополовите бракови. За ова искуство зборувата Хуан Карло и Јули Амадеи. Тие се во брак и се чуствуваат прифатени од нивните семејства и од заедницата. Во Шпанија има и транс родови истакнати личности како писателки, политичарки и сл.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:

Директор на фотографија: Кочишки Петар
Монтажа: Ѓоковиќ Марко
Организатор на снимање: Крајчевски Дејан
Асистент на монтажа: Марков Благојче, Талевски Јованчо

Други соработници:
Асистент на продукција: Барбара Петруловска
Кординатор на продукција: Ана Пејова
Кординатор на пост-продукција: Искра Ежова
Финансиски координатор: Јулијана Даскалова
Преведувачи: Тина Џеповска и Силвана Јовановска

Користени архивски снимки од МРТ
Поддржано од Агенција за филм на Р.С.Македонија

Фотографии: