< Назад

Европски приказни - Германско помирување со минатото

Производство: Еуро Вижн

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: репортажа

Род: Документарен филм

Времетраење: 51 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2023

Содржина: Прикажан е споменикот на холокаустот во Берлин, каде се убиени над 6 милиони Евреи од страна на нацистите. Новинарот Борјан Јовановски, со своите соговорници, зборува за тоа како Германија по Втората светска војна успеала да ја надмине сенката на Хитлер. Рајнер Хес е внук на Рудолф Хес, најозогласениот командант на концентрациониот логор Аушвиц. Рајнер уште на 11 години се соочил со проблемот на своето потекло и презимето што го носи. Во неговото семејство ова било табу тема, за која не се зборувало. Подоцна самиот почнал да истражува за злосторствата на својот дедо. Го посетил логорот Дахау и ги видел сите документи за Рудолф Хес. Франк Моравиц е син на официр во нацистичката војска. Тој петнаесет години истражувал по архивите за да дознае што се случувало. Проф.др.Магнус Брех зборува за „Институтот за современа историја“ создаден за анализа на историјата на Третиот Рајх. Институтот располага со богат архивски материјал и библиотека. Во училиштата, учениците се запознаваат со современата историја на нивната земја.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:

Директор на фотографија: Кочишки Петар
Монтажа: Ѓоковиќ Марко
Организатор на снимање: Крајчевски Дејан
Асистент на монтажа: Марков Благојче, Талевски Јованчо

Преведувачи: Тина Џеповска и Силвана Јовановска

Користени архивски снимки од МРТ
Подржано од Агенција за филм на Р.С. Македонија
Серијалот е посветен на Горјан Тозија

Фотографии: